Барселона доведе бек од 30 милиони, Лион го замени без потрошен цент


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самјуел Умтити договори преселба на Ноу Камп.

Со еден удар две муви. Ем што може да игра како стопер – а така нешто беше потребно на Луис Енрике по заминувањето на Марк Бартра во Борусија Дортмунд – ем Блауграна не мора да се грижи ако Адријано навистина се одлучи да замине во Лацио. Самјуел Умтити ќе реши двете маки на Барселона.

Влијателниот Л`Екип, имено, објави дека Барселона се договори за оштетата со лионски Олимпик, на која екипа ќе припадне оштета од најмногу 30 милиони евра со сите премии.

Останува само со самиот фудбалер да се договорат околу платата и бонусите, но тешко дека ќе има проблем иако ќе мора да се сочека крајот на ЕВРО или барем испаѓање на Франција. Веќе сега се споменува петгодишен договор.

Од друга страна, Лион експресно се снајде. На Жерлан како слободен играч дојде Никола Нкулу, на кого истече договорот со Олимпик од Марсеј. Можеби баш поради тоа медиумите во ова лето го доведуваа во врска и со Челси. Договор со Лион потпиша до 2020 година.