Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез денеска беше опериран и најверојатно нема да игра до крајот на оваа сезона.
После несреќниот пораз од Ливерпул на Eнфилд, Барселона доживеа уште едни лоши вести во завршницата на оваа сезона.
Во каталонскиот клуб ова лето се спремаат големи промени, а многумина веруваат дека Ернесто Валверде ќе добие отказ. Но, навивачите беа многу разочарани со играта на целиот тим, а на мета се најде и Луис Суарез.
И покрај тоа што даде гол во првиот натпревар, во реваншот исто како да не играше а после се, за крај тој треба да оди на операција, па најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Барселона соопшти дека Суарез ќе паузира седум недели после операцијата на неговото колено што значи дека ќе ги пропушти трите натпревари кои и претстојат на Барса до крајот на оваа сезона и финалето на Кралскиот Куп против Валенсија.
Прашање е дали искусниот напаѓач ќе биде спремен за натпреварите во Копа Америка ова лето, а тоа би можело да биде сериозен удар за амбициите на Уругвај на ова првенство во Јужна Америка.