Барселона го бара новиот Иниеста, а очигледно не знаат дека наследникот веќе го имаат во првиот тим


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа во пријателски натпревар го совладаа Арсенал со 2-1 на Камп Ноу.

Каталонскиот клуб го одигра првиот натпревар пред своите навивачи, а неверојатно звучи дека на трибините на Камп Ноу имаше скоро 100.000 навивачи иако се работеше за пријателски натпревар.

Во првото полувреме за домашниот тим играше и младиот Рики Пуиг кој е дел од школата на Барса, Ла Масија. Овој играч ги помина припремите со Барса и одлучи да остане во тимот, иако челниците на клубот сакаа да го пратат на позајмица.

Но, Пуиг тоа го одби и одлучи да се бори за минутажа во Барселона иако во везниот ред има навистина жестока конкуренција. Сепак, младиот играч синоќа покажа дека се работи за исклучително талентиран играч.

Тој со своите дриблинзи потсети на Андрес Иниеста. Барселона пробува да го пронајде токму новиот Иниеста со вложување на многу пари, а очигледно во својата Ла Масија веќе имаат еден таков.