Барселона го пушта Браво, доаѓа фантастична замена на Ноу Камп


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Речиси сите светски медиуми пренесоја дека Клаудио Браво ќе ја напушти Барселона и за 16 милиони евра ќе се пресели во Манчестер Сити.

Каталуња радио, и RAC1 соопштија дека Барселона најде замена за одличниот голман, а тоа е Диего Алвеш.

Голманот на Валенсија би можел да стигне наскоро во Барселона, а се проценува дека Барселона за него ќе плати 8-1о милиони евра.

Исто така ќе може да се случи и со напаѓачот, Пако Алкасер, а наводно во спротивен правец каталонците да ги испратат на позајмици Сампер и Мунир.

Шпекулациите околу заминувањето на Браво дека се точни, потврдува и денешниот тренинг на кој присуствуваше голманот на Барселона Б, Хозе Суарез.

Тер Стеген поради повреда е надвор од теренот, а Енрике на располагање го има уште само Жорди Масип.