Барселона го сака Халанд, но има и страшен – план Б!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мино Рајола деновиве патува низ европските престолнини за да го понуди Ерлинг Халанд и да добие многу пари за неговиот трансфер.

Рајола беше во Шпанија, каде што разговараше со раководството на Барселона и Реал Мадрид, а треба да разговара и со премиерлигашот.

Каталонците се надеваат дека ќе го добијат Халанд, иако негова желба наводно била да игра за Реал Мадрид, па поради тоа на „Камп Ноу“ подготвиле план Б.

Доколку Халанд одбие да потпише за Барселона, тогаш Каталонците ќе го купат Лаутаро Мартинез од Интер, кој има финансиски проблеми и мора да продава ѕвезди на лето.

Освен Мартинез, Барселона ја следи и ситуацијата за Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, кој не е задоволен во Лондон.