Барселона или Ал Хилал: Меси може да игра за 400 милиони долари годишно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси е во голема дилема за неговата иднина, иако според медиумите е поблиску до враќање во Барселона, но понудата од Саудиска Арабија е исто така примамлива.

Меси го напушта ПСЖ на крајот на сезоната, а Ал Хилал му понуди плата од 400 милиони долари годишно, додека Барселона се труди да ги реши финансиските проблеми и да му понуди сума од околу 25 милиони евра годишно.

Аргентинецот веќе е амбасадор за туризам во Саудиска Арабија, а наскоро би можел да добие и фудбалски ангажман.