Барселона како во старите добри денови: Атлетико со празни раце заминува од Каталонија 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличен натпревар на „Камп Ноу“ одиграа Барселона и Атлетико Мадрид, а на крајот тимот на Чави Ернандез ги освои бодовите со победа од 4-2.

Караско во осмата минута го отвори резултатот со гол за водство на Атлетико од 1-0, но Алба веднаш потоа израмни на 1-1. Гави направи целосен пресврт со голот во 21. минута, а Араухо ја искористи асистенцијата на Торес за да обезбеди 3-1 пред полувреме.

Алвеш дополнително ги „стресе“ гостите до четвртиот гол за Барселона, по што Атлетико преку Суарез намали на 2-4, а потоа Бразилецот доби директен црвен картон поради агресивен старт.

Каталонците ја зачуваа предноста до крајот на мечот и на крајот освоија важни три бода во битката за место во топ-4 во Ла Лига.