Барселона крена раце од него, тој сепак на крајот се сели во редовите на најголемиот ривал на „Бернабеу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во јануари го обезбеди трансферот на Френки Де Јонг од Ајакс кој пристигнува на крајот од сезоната.

Така Каталонците го решија прашањето за фудбалерот за врска откако дефинитивно се откажаа од доведувањето на Андријен Робен од ПСЖ.

Сега Французинот е мета на Реал Мадрид кој не се грижи за проблемите кои неговиот ривал имаше во преговорите со него.

Имено, претставникот на Рабио до неодамна беше неговата мајка која бараше сума која Барселона не сакаше да ја издвои, сега ситуацијата е нешто поинаква, па Зинедин Зидан лесно би можел да добие засилување од својата земја.

Фудбалерот на ПСЖ беше мета на кралскиот клуб кој го сакаше и изминатото лето кога Ковачиќ замина на позајмица во Челси, но целата работа може да биде готова следната сезона.