Барселона купи 19-годишен Бразилец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот Бразилец Густаво Маја (19) е нов играч на Барселона.

Како што објави ЕСПН, Сао Паоло ја потврди веста за трансферот на Маја во Барселона за 4,5 милиони евра.

Шпанскиот тим ќе има 70% од правата на напаѓачот, додека тимот од Латинска Америка ќе ги задржи преостанатите 30% од идната продажба, пренесува ЕСПН. Каталонците веднаш платија еден милион евра, а последователно Сао Паоло ќе добие уште 3,5 милиони на рати.

Медиумите, исто така, ја толкуваат оваа одлука како финансиска операција поволна за Сао Паоло, која ќе ги подмири долговите кон своите вработени по економската криза што е резултат на пандемијата COVID-19.

Маја пристигна во Сао Паоло на 14-годишна возраст и постигнуваше голови во сите категории од сезона до сезона, па веќе има освоено седум титули. Во 2018. година тој постигна 30 голови на 36 натпревари.