Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финансискиот извештај на Барселона за последнтие 12 месеци покажа дека каталонскиот клуб должи вкупно 260.7 милиони евра, а најмногу на Ливерпул.
Ливерпул треба да добие 94,6 милиони евра од Барселона за трансферот на Филипе Кутињо – 27,9 милиони во бонуси, кои треба наскоро да бидат сплатени и 66,7 милиони евра низ долгорочни исплати.
Кутињо во Барселона се пресели за вкупно 160 милиони евра од Ливерпул, но на „Камп Ноу“ не импресионираше и минатото лето беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.
Исто така, Каталонците ќе треба да платат 30,3 милиони евра за Малком, 10,9 милиони евра за Артуро Видал, 31,4 милиони за Нето, како и 48,6 милиони за Френки де Јонг.