Барселона на чекор од освојување на Суперкупот на Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона победија во првиот меч од Суперкупот на Шпанија на гостувањето кај Севиља со 2:0 и на тој начин стекнаа убава предност, кој е на програмата во среда на Ноу Камп.

Освојувачот на Лига на Европа и финалист на Купот на Кралот од минатата сезона добро се држеше против фаворизираниот противник се до 55 минута кога Луис Суарез ги доведе Каталонците во водство.

Од тогаш шампионот на Шпанија и освојувач на Купот на Кралот имаше целосна контрола на натпреварот, а вториот гол го постигна резервистот Мунир во 83 минута, кој седум минути пред тоа влезе во игра наместо Арда Туран.

Доколку за три дена на својот терен ја сочуваат убавата предност, Барселона ќе дојде до 12 титула во Суперкупот, најмногу од сите клубови, а прв пат после три години.

Бранителот на трофејот е Атлетик Билбао, кој во минатата сезона токму против Барселона беше подобар.