Барселона не е ПСЖ, мора да продава фудбалери за да го врати Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира за враќање на Лионел Меси во Барселона, а сега пристигна коментар и од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Тебас смета дека Меси може да се врати во Барселона, но тоа е комплицирано во моментов поради тешката финансиска состојба на каталонскиот гигант.

Барселона за да го врати Меси ќе мора да продаде дел од своите фудбалери, смета Тебас, а сега на потег е претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

„Доколку ме прашувате, враќањето на Меси во Барселона ќе биде комплицирано. Има време, но како што стојат работите во моментов, нема да биде лесно. Барселона не е како ПСЖ. Барселона мора да намали дел од платите и да продаде неколку фудбалери“, кажа Тебас.