Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона не ја крие желбата да го ангажира Лаутаро Мартинез од Интер на крајот на сезоната. Аргентинецот има откупна клаузула од 111 милиони евра, но Барселона поради финансиската криза не е во можност да плати толку многу пари.
Каталонскиот гигант понуди тројца играчи за Мартинез, но тоа Интер го одби. Каталонците ги понудија Ракитиќ, Видал и Семедо, но очигледно италијанскиот клуб не е заинтересиран за нив.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Барселона подготви нова понуда, а Интер го посакува во неа и Антоан Гризман. Французинот пристигна минатото лето во Каталонија, а очигледно не ги оправда очекувањата.
Каталонците, наводно, се подготвени да го понудат и Гризман во замена за Мартинез затоа што очајно им треба нов напаѓач, но останува да видиме што ќе се случи.