Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓
Барселона не успеа во јануарскиот преоден рок да ангажира напаѓач, кој ќе може да го замени повредениот Луис Суарез, кој ќе мора да паузира до крајот на сезоната.
Каталонците бараа нов напаѓачнеколку недели, а на листата со желби имаа неколку фудбалери, но клубот не успеа да ја оствари својата цел и да купи напаѓач.
Сепак, тренерот Кике Сетиен порача дека има решение за нападот. Тој ќе го пушти Антоан Гризман на позицијата на Суарез, додека неговото место на крило ќе го земе Ансу Фати или Осман Дембеле.
Гризман во Атлетико играше како напаѓач и во Барселона очекуваат да биде достојна замена за Уругваецот.