Барселона нуди четири фудбалери во замена за Нејмар


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Барселона сака да го врати Нејмар, па во моментов бараат начин како да ја убедат управата на ПСЖ да им го продаде Бразилецот.

„Билд“ пишува дека најновата понуда испратена до Нејмар не вклучува пари, туку четири фудбалери на Каталонците.

Барселона ги нуди Филипе Кутињо, Осман Дембеле, Самуел Умтити и Нелсон Семедо во замена за Нејмар.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо неодамна изјави дека Нејмар би можел да замине.

„На сите ни е јасно дека Нејмар сака да замине. Но во фудбалот, едно велите сега, а друго утре. Неверојатно е, но тоа е така, па ќе видиме што ќе се случи“, кажа Леонардо.