Барселона откри кој ќе ја наследи „десетката“ на Меси 📸


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дресот со бројот 10 во иднина ќе го носи младата ѕвезда на тимот Ансу Фати, кој така ќе го наследи Лионел Меси.

Долго време се шпекулираше за тоа кој ќе го наследи бројот на Меси во Барселона, откако Аргентинецот замина во ПСЖ на слободен трансфер.

„Нашата нова десетка“, кратко порачаа од каталонскиот гигант.

Фати за првиот тим на Барселона дебитираше на неполни 17 години, а првиот гол го постигна на 16 години и 304 дена.