Барселона почна сериозна операција: Месињо доаѓа на „Камп ноу“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона планира да потпише договор со талентираниот бразилски фудбалер Естевао Вилијан од Бразил, кој го носи прекарот Месињо.

Естевао го нарекуваат Месињо затоа што со неговите настапи потсетува на легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси.

За услугите на Месињо биле заинтересирани неколку тимови, меѓу кои се Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал и ПСЖ, но Бразилецот решил да се пресели во Барселона.

Според последните шпекулации, Барселона ќе плати околу 10 милиони евра за трансферот на Естевао, кој досега играше за младинскиот тим на Палмеираш.