Барселона подготвува изненадување за Меси, но тој не сака ниту да го види Лапорта


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Марка“ пишува дека Барселона планира инаугурацијата на обновениот стадион Спотифај Камп Ноу, закажана за летото 2026 година, истовремено да биде и голем проштален настан посветен на Лео Меси. Така клубот ја претставил својата идеја за време на разговори со одбрани медиуми, потенцирајќи дека и другата страна, односно Меси, е согласен со овој план.

Сепак, извори кои „Марка“ ги контактирала не ја потврдуваат оваа информација. Јасно е дека клубот сака да му оддаде чест на аргентинската легенда по начинот на кој ја напушти Барселона, но постои еден клучен проблем – никој сѐ уште не разговарал со Меси за неговото учество на тој настан.

Не е извесно ни дека Меси би се согласил да дојде. Неговото заминување од клубот беше болно, што најдобро се виде преку солзите на прошталната конференција. Оттогаш не се случил ниту еден разговор помеѓу Жоан Лапорте и Меси.

Односите се потполно разладени. Понатаму, Меси не сака да има никаков контакт со претседателот на клубот поради начинот на кој беше принуден да замине и подоцнежниот, неуспешен обид да се врати. Лапорта веќе претходно се обидел да го вклучи Меси во одбележувањето на 125. годишнина на клубот.

Но, ни тогаш тој повик не беше официјално упатен. Меси сепак сакал да учествува, па се појавил во интервју и видео порака која била емитувана за време на прославата. Затоа што, како што често истакнува, Барселона му е во срцето, но проблемите кои ги има се однесуваат на актуелното раководство на клубот.

Фото: Принтскрин