Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Коронавирусот прекина многу првенства, меѓу кои и шпанското, па во земјата е активиран двенеделен карантин додека бројот на заразени се зголемува во секој момент.
Се шпекулира дека Ла Лига нема да продолжи по паузата, а ако се случи тоа, тогаш шпанското првенство ќе мора да прогласи шампион.
Каталонците имаат неколку причини зошто би требало да бидат прогласени за шампиони. Првата е тоа што се лидери на табелата, втора е тоа што имаат одиграно повеќе од 70% од шампионатот и третиот е тоа што биле зимски шампион.
Но, во случај да се случи такво нешто, сигурно ќе следат реакции и од Реал Мадрид, кој има само два бода помалку од нив и уште е во конкуренција за шампионскиот трофеј.