Барселона понуди двајца фудбалери плус пари за Лаутаро Мартинез


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од таборот на Барселона речиси сигурно во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат Лаутаро Мартинез од Интер.

Поради кризата предизвикана од коронавирусот речиси е сигурно дека Барселона нема да може да ги плати барантие 110 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во договорот на Лаутаро, па затоа сумата ќе ја намалува така што ќе понуди играчи.

Интер го посакал бразилскиот играч од средниот ред Артур, меѓутоа од Барселона не се согласиле да го пуштат тој фудбалер.

Наместо Артур, на „Меаца“ ќе ги испратат Нелсон Семедо и младиот Карлес Алења, а плус тоа ќе понудат и пари со што ќе создадат понуда која Интер тешко може да ја одбие.