Барселона потврди: Замена за Бускетс ќе биде човек кој го избркаа пред 12 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Барселона го ангажира третото засилување за новата сезона, а тоа е нивниот поранешен фудбалер Ориол Ромеу.

Ромеу треба да го замени легендарниот Серхио Бускетс, кој замина во МЛС-лигата и ќе го носи дресот на Интер Мајами.

Барселона претходно го продаде Ромеу во 2011 година, а тој за каталонскиот гигант одигра само 99 минути.

Ромеу со Барселона потпиша договор до 2026 година, а притоа Каталонците му поставиле откупна клаузула од 400 милиони евра.