Барселона се ослободува од Дембеле


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Деновиве се шират шпекулации дека во Барселона речиси сите фудбалери ќе бидат ставени на трансфер листа.

Само шест играчи се сигурни во таборот на „каталонците“, а меѓу нив се неприкосновениот Лионел Меси, потоа Френки Де Јонг, Џерард Пике и  Марк Андре Тер Штеген.

Според некои медиуми, од Барселона ќе притискаат за заминување на Осман Дембеле од клубот ова лето.

За да се ослободат од него, од Барселона ќе прифатат секаква понуда која ќе изнесува 40 милиони евра.

Тоа е многу помалку од тоа што пред само неполни три години го платија на Борусија Дортмунд кога за младиот Дембеле издвоија 110 милиони евра.