Барселона се откажа од Нејмар, но праќа неверојатна понуда за Мбапе


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Барселона оваа сезона игра многу добро, но повторно се се случува на грбот на Меси.

Се чини дека во овој клуб наголемо почнаа да размислуваат што после одличниот Аргентинец, па решението го гледаат во Мбапе.

Наводно Барса се откажале од доведувањето на Нејмар, па се спремни да го доведат Мбапе.

Понудата е неверојатна, па не би било никакво чудо доколку челниците на тимот од Франција да ја прифатат.

Имено, наводно од Барселона се спремни да понудат 120 милиони евра и Гризман и Димбеле за да го доведат Мбапе.

Останува да видиме дали шпанските медиуми се во право.