Барселона шестка на стартот на Ла Лига – Среќниот добитник беше Бетис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу во својот прв натпревар оваа сезона во Ла Лига го совладаа Бетис убедливо со 6:2.

Уште во 6-тата минута на асистенција на Жорди Алба погоди Арда Туран за водство на каталонците. Слободен удар за Бетис и фантастичен погодок во 21-ва минута на Рубен Кастро за израмнување. 37-ма минута и нов погодок на Барселона, стрелец Лионел Меси. Само 5 минути подоцна Суарез по трет пат ја затресе мрежата на голманот на Бетис, асистент Роберто. Второто полувреме повторно доминација на каталонските фудбалери. Суарез на асистенција на Меси го постигна својот втор погодок на натпревар, четврт за Барселона. Следната минута нов погодок, повторно во мрежата на Бетис. Туран асистираше, а Лионел Меси го постигна својот втор погодок на натпреварот и водство на Барселона од 5:1. Суарез го постигна својот хет-трик со фантастичен погодок од слободен удар во 82-ра минута. Две минути подоцна Рубен Кастро го постигна својот втор погодок на натпреварот ги постави конечните 6:2.

Следниот натпревар Барселона го игра на гости против Атлетик Билбао, а Бетис на Бенито Виљамарин ќе го пречека Депортиво.