Барселона следната сезона нема да игра на „Камп Ноу“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона мораше да направи големи промени по доаѓањето на Жоан Лапорта на претседателското столче бидејќи екипата се соочува со сериозни финансиски проблеми.

Лапорта сега е фокусиран на стадионот, односно бара спонзори и пари за реновирање на „Камп Ноу“ затоа што смета дека екипата мора да има модерен стадион.

Првиот човек на Барселона пред почетокот на сезоната го промени името на стадионот во „Спотифај Камп Ноу“, а спонзорскиот договор му овозможи да инвестира во модернизирање на стадионот.

Клубот ја информира Ла Лига дека нема да игра на „Камп Ноу“ во сезоната 2023/24, туку натпреварите ќе ги организира на стадионот „Мунжуик“.