Барселона смисли план како да го „украде“ Мартинез од Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ги воодушеви сите со неговите настапи за Интер во досегашниот дел од сезоната.

Овој 22-годишен напаѓач е еден од најважните фудбалери на тимот на Антонио Конте, а Мартинез во 18 натпревари постигна 11 голови и три асистенции.

Долго време се шпекулира дека е голема желба на Барселона, која го гледа како идеална замена за Луис Суарез. Уругвацот наскоро ќе го прослави 33. роденден и јасно му е дека во Каталонија полека, но сигурно го губи местото.

Дури и Лионел Меси им го препорачал Мартинез на членовите на управата, па тие сега се обидуваат да го ангажираат, а наводно се подготвени да ја активираат откупната клаузула од 111 милиони евра.