Барселона со изненадувачка опција за нападот, поранешен играч на Миделсбро ќе ја пополнува дупката на „Камп Ноу“


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Фудбалерот на Легањес, Мартин Брејтвајт е прва трансфер цел на Барселона во овој момент откако им беше дозволено да ангажираат напаѓач во следните денови.

„Каталонците“ се поврзуваа со неколку имиња, а прва опција им беше Вилијан Жозе од Реал Сосиедад.

Откако пропадна можноста да се ангажира играчот на СОсиедад, Барса сега тропна на вратата на Легањес и веројатно ќе го обезбеди потписот на 28 годишниот дански напаѓач кој оваа сезона има постигнато осум погодоци на 27 натпревари за Легањес.