Барселона вклучува играч во трансферот на Де Лихт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Барселона води во битката по потписот на талентираниот стопер на Ајакс, Матијс Де Лихт.

За младиот фудбалер постои сериозен интерес од многу европски гиганти, но се верува дека „каталонците“ ќе стигнат први до неговиот потпис.

Од Барселона се подготвени да платат одредена сума на пари, а плус тоа да го пратат и новото засилување кое им пристигна во јануари, Жан Клер Тодибо на едногодишна позајмица во Амстердам.

Оваа опција е најприфатлива за холандскиот тим кој ќе се согласи да го продаде својот играч на Барселона.