Бартомеу: Евролигата е елита! Верувам дека Панатинаикос ќе остане!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу зборуваше за грчките медиуми за тоа дали Панатинаикос ќе остане во натпреварувањето.

Конфликтот на релација Евролига-Панатинаикос повторно е актуелен. Сопственикот на грчкиот тим Димитрис Јанакопулос во текот на актуелната сезона немаше многу негативни коментари за разлика од претходните години.

Меѓутоа, откако беше прекинато натпреварувањето, тој се закани дека ќе излезе од натпреварувањето што би било неисплатливо за клубот од Атина, а тоа го потврди и Бартомеу.

„Нашите организации знаат дека се во елитата. Иднината надвор од Евролигата не е светла. Верувам дека Панатинаикос ќе остане со нас. Нема јасни објави, ниту соопштенија“, кажа Бартомеу.