Бартомеу ќе заврши во затвор поради Меси?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лионел Меси не се појави вчера на тренингот на Барселона, што е уште еден јасен знак дека сака да го напушти клубот. Претседателот Жозеп Марија Бартомеу влезе во војна со Аргентинецот поради што би можел да заврши во затвор.

Популарниот новинар Гилем Балаге напиша на Твитер дека Бартомеу ќе биде обвинет за „лошо раководење на имотот“.

„Ако го продаде помалку од очекуваното, тогаш би можел да се соочи со тешко обвинение. Тоа значи дека ќе плати многу од сопствен џеб или ќе оди во затвор. Затоа треба до крај да се бори за Меси“, напиша Балаге.

Договорот на Меси трае до 2021 година, а во него имаше клаузула според која можеше да го раскине договорот една година порано. Сепак, Ла Лига соопшти дека рокот за клаузулата завршил.