Батшуаји прави изненадувачки трансфер?


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Белгискиот интернационалец Мичу Батшуаји во ова лето ќе го напушти Марсеј, а за него се интересираат неколку европски гиганти.

Иако за него, меѓу останатото, заинтересиран е и Јувентус, се чини дека 21-годишниот може да направи изненадувачки потег и да ја прифати понудата на Кристал Палас.

Англискиот клуб, наводно е најблизок до доведување на фудбалерот на Марсеј кои се спремни да платат 38 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус дава 30 милиони максимално, што ќе изгледа премалку.

Евентуален трансфер на Батшуаји во Кристал Палас треба да биде реализиран после завршувањето на ЕП, а останува да се види дали во меѓувреме ќе се појави некоја подобра понуда.