Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот селектор на Аргентина, Едгардо Бауза, денеска разговарал со најдобриот фудбалер моментално Лионел Меси.
Познато е дека после завршувањето на овогодинешната Копа Америка Меси ја заврши својата репрезентативна кариера, но сите се надеваат дека ѕвездата на Барселона ќе се предомисли.
Новиот селектор денеска разговарал со Меси, но призна дека не разговарале за неговото враќање.
„Како што ви реков, еден час разговаравме за фудбал и не го споменавме неговото враќање. Треба малку да сочекаме и да видиме што ќе биде. Сепак, јас секогаш сум оптимист во животот и така и овој пат. Тоа е негова лична одлука и што и да одлучи тоа јас ќе го прифатам“, рече Бауза.
Како што пренесуваат аргентинските медиуми, Бауза за неколку недели повторно ќе се сретне со Меси после што треба да се знае конечната одлука на играчот на Барселона за тоа дали повторно ќе заигра за Аргентина.