Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот селектор на Аргентина Едгардо Бауза го придоби Лионел Меси на враќање и тоа е сигурно најзначајно.
Овој стручнак се одлучи да направи драстични промени во селекцијата, поготово после новиот пораз во финалето на Копа Америка.
Веќе на почетокот на септември продолжуваат квалификациите за СП во 2018 година во Русија, а Бауза се одлучи Гаучоците да ги одведе таму.
Во однос на Копа Америка, новиот селектор го најсилниот тим го врати Паоло Дибала. Напаѓачот на Јувентус го пропушти континенталниот куп, со одлука на претходниот селектор Херардо Тата Мартино, меѓутоа, Бауза се одлучи да ја исправи таа неправда кон 23-годишниот шпиц од Кордоба.
Списокот содржи 27 имиња, а тука го нема Гонзало Игуаин.
Новиот напаѓач испадна од конкуренција бидејќи Бауза процени дека за двете страни е најдобро да се посвети на обврските во новиот клуб.
До таков заклучок, се наведуваат аргентинските медиуми, Бауза дојде после телефонскиот разговор со Пипита каде што сфати дека довчерашниот голгетер на Наполи е под жестока лупа на јавноста, не само поради трансферот вреден 90 милиони евра веќе и поради неколкуте килограми вишок.
Бауза во шпицот не смета ни на ветеранот Карлос Тевез, изненадување на списокот го нема новиот фудбалер на Вест Хем Џонатан Каљери.
Тука се затоа Лукас Аларио, стрелец на 11 голови на 26 натпревари за Ривер Плата во минатата сезона, и Лукас Прато од бразилски Атлетико Минеиро.
Потполно неочекувано на списокот се најдоа Мартин Демикелис и Пабло Забалета, додека Лавеци испадна поради повреда.
Список на репрезентацијата на Аргентина:
Голмани: Серхио Ромеро (Манчестер Јунајтед), Мариано Андухар (Естудијантес), Нахуел Гузман (Тигрес);
Дефанзивци: Факундо Ронкалиа (Селта), Матео Мусачио (Виљареал), Рамиро Фунес Мори (Евертон), Емануел Мас (Сан Лоренцо), Маркос Рохо (Манчестер Јунајтед), Мартин Демикелис (Еспањол), Пабло Забалета (Манчестер Сити), Габриел Маркадо (Севиља), Николас Отаменди (Манчестер Сити);
Играчи за врска: Матиас Краневитер (Атлетико Мадрид), Хавиер Маскерано (Барселона), Лукас Биља (Лацио), Аугусто Фернандез (Атлетико Мадрид), Евер Банега (Интер), Хавиер Пасторе (ПСЖ), Ерик Ламела (Тотенхем), Николас Гаитан (Атлетико Мадрид), Анхел Ди Марија (ПСЖ);
Напаѓачи: Лионел Меси (Барселона), Анхел Кореа (Атлетико Мадрид), Лукас Прато (Атлетико Минеиро), Серхио Агуеро (Манчестер Сити), Паоло Дибала (Јувентус), Лукас Аларио (Ривер Плата).
После шест кола од јужноамериканските квалификации за СП во Русија, Аргентина се наоѓа на третото место (понатака одат првите четири репрезентации, петтата во баражот), а нивните наредни ривали се Уругвај (2 септември во Мендоза) и Венецуала (7 септември во Мерида).