Баварците потврдија: Ханс Флик останува на кормилото на Баерн Минхен (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен потврди дека Ханс Флик ќе остане на кормилото на германскиот шампион до крајот на сезоната.

Овој 54-годишен тренер го презема баварскиот гигант на трети ноември, откако отказ доби Нико Ковач.

Иако претходно најавуваа дека тој ќе биде само привремено решение, раководството на Баварците реши да го остави Флик до крајот на сезоната.

Баерн ја потврди одлуката на социјалните мрежи, а Флик досега го водеше клубот во 10 меча и оствари осум победи и два порази.