Бега од Меси и Нејмар во Манчестер јунајтед: Му се здосади во Париз, сака веднаш да замине!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед од саботата бара нов тренер затоа што го отпушти Оле Гунар Солскјер, а негов наследник би можел да биде стратегот на ПСЖ, Маурицио Покетино, иако прв кандидат за кормилото беше Зинедин Зидан.

„Дејли Мејл“ објави дека Покетино е подготвен да поднесе оставка во Франција и да го наследи Солскјер затоа што не е задоволен во Париз.

„Поранешниот тренер на Тотенхем живее во хотел, додека неговото семејство и понатаму е во Лондон и знаеме дека е фрустриран поради тоа што води соблекувална во која има ѕвезди со големо его како Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе“, пишува медиумот.

Покетино беше во конкуренција за тренерската позиција и во 2018 година, но тогаш Солскјер го презема кормилото на „црвени ѓаволи“.