Бејл го дочекаа свирежи на „Бернабеу“, но него го „боли уво“ (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид запиша нов триумф во шпанската Ла Лига, па го одржува чекорот со Барселона со која сигурно до крајот на сезоната ќе се води битка за трофејот во првенството.

Герет Бејл беше критикуван од страна на шпанската јавност, посебно по прославата на репрезентативецот на Велс со транспарентот на кој пишуваше „Велс, голф, Мадрид“.

„Кралевите“ никогаш нема да му го заборават тоа, па Бејл на мечот против Реал Сосиедад одигра 20-на минути, но доживеа голем број свирежи од страна на навивачите по загревањето пред да влезе на теренот. Но, видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува дека Бејл воопшто не се грижи на тоа и фокусиран е на својата игра.