Бејл, Гризман и Роналдо во конкуренција за најдобар играч во Европа, Меси пети

Одлуката за најдобриот ќе се донесе за 20 дена.

Познати се тројцата фудбалери кои се фаворити за освојување на наградата најдобриот фудбалер во Европа. Тоа се Антоан Гризман, Герет Бејл и Кристијано Роналдо. Новинарите бираа листа од петте најдобри, а потоа им даваа бодови. Така стигнавме до трите најдобри.

Конечната одлука ќе биде донесена на 25-ти август.

Интересно е дека Луис Суарез е на четвртото место, а Лионел Меси на петото, Буфон е шести, Пепе седми, Ноер осми, Крос девети и Милер десети.