Бејл и Регулион ќе дебитираат за Тотенхем на мечот против Шкендија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл наскоро треба да потпише договор со неговиот поранешен клуб Тотенхем, а неговото деби се очекува во четврток, кога премиерлигашот ќе се соочи против Шкендија.

Бејл конечно ќе го напушти Реал Мадрид и по шест години ќе се врати во Лондон, а се очекува во текот на денот да потпише договор со лондонскиот тим, па тоа значи дека Жозе Мурињо ќе може да смета на него во дуелот од третото квалификациско коло во Лига Европа.

Во Скопје би можел да дебитира и Серхио Регулион, левиот бек кој ќе пристигне од „кралскиот клуб“, но засега нема потврда за такво нешто.

Тотенхем во првото коло од Премиерлигата беше поразен со 0-1 од Евертон на домашен терен, а за малку ќе се посрамотеше и против Локомотив Пловдив во Лига Европа.