Бејл не е повикан за дуелот со Атлетико Мадрид, еве што значи тоа за неговата иднина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Герет Бејл не беше повикан за дерби пресметката која Реал Мадрид ќе ја игра со нивниот лут ривал, Атлетико Мадрид.

Тоа уште повеќе ги зголеми шепкулациите дека Бејл ќе се врати во Тотенхем, но според шпанскиот новинар, Алваро Мортено тоа нема да се случи.

„Од Реал кажаа дека нема шанси и дека тој 100% останува кај нив. Немало никаков состанок со Даниел Леви или агентот на Бејл.  Видовме дека Бејл нема да игра утре против Атлетико, Зидан не го вклучи во составот на втор натпревар по ред, што е јасна порака за Бејл, но колку што знаеме тој сигурно ќе остане во Реал Мадрид“ –изјави Морено.