Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Герет Бејл сака да остане во Реал Мадрид и покрај фактот што нема поддршка од Зинедин Зидан.
„Не сум сигурен дека Зидан сака тој да остане во овој момент, но Герет сака да остане, и тоа многу. Тој има договор, и ќе биде среќен доколку остане тука до 2022 година. Тој беше и се уште е еден од најдобрите три –четири фудбалери во светот“ –истакна агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет.
За Герет Бејл постои интерес од Манчестер Јунајтед, но тој не сака да се пресели на „Олд Трафорд“ затоа што „ѓаволите“ нема да играат во Лигата на шампионите.
Од друга страна постои интерес и од Тотенхем, но поранешниот клуб на Бејл не може да си ја дозволи неговата висока плата.