Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл има намера да го испочитува договорот со Реал Мадрид, иако не е во плановите на Зинедин Зидан и замина на позајмица во Тотенхем.
Уште не е познато дали Тотенхем ќе го откупи неговиот договор, а ако не се случи тоа, тогаш Бејл ќе се врати назад во Мадрид.
Бејл сака да го испочитува договорот кој му носи неверојатни 600.000 фунти неделно, а нема да се согласи на било какво кратење на платата и подготвен е да седи на трибини цела сезона.
Секако, постои шанса и да замине повторно на позајмица, но Бејл нема намера да попушти кон Реал, каде што во минатото често беше на клупата.
Бејл за Реал досега одигра 251 меч и постигна 105 голови.