Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри споменик на Енфилд. Споменикот, наречен “Засекогаш 20”, се наоѓа на Авенија 97, местото каде што навивачите спонтано се собираа за да остават цвеќе и пораки по трагедијата, создавајќи трајно место за сеќавање за навивачите и семејството.
Споменикот е поставен на Авенија 97, близу Главната трибина, бидејќи таму илјадници навивачи се собираа за да им оддадат почит на браќата по нивната погибија. Делото на скулпторката Ема Роджерс е во форма на стилизирано срце, инспирирано од препознатливото славје на Жота по постигнувањето на гол. Кога се гледа од различни агли, споменикот открива броеви 20 и 30, а врежани се и стихови од песната што трибината Коп ја пееше во чест на Жота.
Откривањето на споменикот го одбележа првата годишнина од сообраќајната несреќа во Шпанија која ги однесе животите на Жота и Силва. Од клубот изјавија дека споменикот ќе служи како траен симбол на љубов, заедништво и сеќавање, но и како место каде навивачите можат да застанат и да оддадат почит. “Фудбалскиот клуб Ливерпул денес се сеќава на Диого Жота и Андре Силва”, стои во официјалното соопштение. “На денешниот ден, 3 јули, се одбележува првата годишнина од трагичната сообраќајна несреќа во Шпанија во која напаѓачот на Црвените и неговиот брат ги загубија животите.”
Поставивме траен споменик на Енфилд во чест на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, на пресрет на првата годишнина од нивното трагично заминување ❤️— Ливерпул ФК (@LFC) 2 јули, 2026
















