Бејл по една година ќе се врати во Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл не играше премногу фудбал во Реал Мадрид во последната година ипол, па поради тоа се пресели во Тотенхем, каде што треба да добие поголема минутажа, меѓутоа репрезентативецот на Велс ќе се врати во Шпанија.

По завршување на неговата позајмица со Тотенхем, Бејл ќе се врати и ќе ја одигра последната сезона од договорот во Мадрид.

„АС“ шпекулира дека Зинедин Зидан ќе остане и следната сезона на кормилото на Реал Мадрид, а тоа отвора можност за Бејл.

Бејл летоска се врати во Лондон и засега не му оди по планови, зашто Мурињо му даде 522 минути на теренот и девет настапи, а притоа постигна два гола.