Бејл потпиша нов договор со Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл кој имаше договор со Реал Мадрид до 2019 година, сега го обнови и потпиша до 2021 година.

Бејл во дресот на „кралевите„ има одиграно 124 натпревари и постигнато 60 погодоци, тој му помогна на тимот од Мадрид да ги освои својата десетта и единаесета титула во Лигата на Шампиони.

Перез верува во 27годишниот играч од Велс. Бејл заработува по 10 милиони евра годишно, а на Сантиаго Бернабеу пристигна пред три години за рекордна цена од 101 милион евра што до неодамна беше и најскап трансфер.

Наскоро се очекува и Роналдо да го продлжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година.