„Бејл повторно се заљуби во фудбалот, сега е различен човек!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Велс во следниот меч ќе игра против Република Ирска во Лигата на нации, а за мечот подготвен е и Герет Бејл, кој го пропушти последниот натпреварот.

Селекторот Роберт Пуг смета дека Бејл повторно се заљубил во фудбалот и сега ужива како порано.

„Во Тотенхем се подготви да игра цел меч со висок интензитет, како што се очекува од него. Дури и на тренинг е неверојатен, можам слободно да кажам дека ужива и повторно се заљуби во фудбалот. Да се надеваме дека таков ќе биде и на натпреварот“, вели селекторот на Велс.