Бејл проговори за времето поминато во Реал Мадрид: Ми свиреа од трибините, но…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Герет Бејл си замина од редовите на Реал Мадрид и следната сезона, а можеби и повеќе ќе мине во неговиот поранешен клуб, Тотенхем.

Бејл зад себе остава доста турбулентен период поминат во Реал Мадрид, а неговиот живот во гланвиот град на Шпанија посебно беше лош последните две години.

Бејл се отвори и во интервју за „Скај Спортс“ истакна дека воопшто не се кае за времето поминато во Реал.

„Не, не се каам поради времето поминато во Реал Мадрид.  Знам што мислам за себе, што моето семејство мисли за мене и не ми е грижа што другите мислат за мене.

Постојано слушав свирежи од трибините, но поради нив пораснав како личност. Едноставно мора да научите да се носите со таквите ситуации. Имаше напнати моменти, на многу натпревари ми свиреа. Но, научив да се носам со сите тие работи и да не ги земам при срце “ –изјави Бејл.