Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новоформираната американска франшиза Интер Мајами, предводена од Дејвид Бекам, откри големо засилување ова лето.
Бекам е претседател и сосопственик на Интер Мајами и по лошиот старт во МЛС, поранешниот интернационалец од Англија е решена да ги промени работите, па по пет одиграни натпревари без победа го донесе Блејз Матуиди од Јувентус.
“Пред неколку недели решив да му се придружам на мојот пријател Дејвид Бекам во нов предизвик. И таму сакам да освојам трофеи”, напиша Матуиди, кој ја освои светската титула со француската репрезентација пред две години.
Да потсетиме дека Матуиди дојде како слободен агент откако му истече договорот со Јувентус-
“Не можам да бидам посреќен отколку да го поздравам доаѓањето на Матуиди во Интер Мајами, со кого играв заедно во Париз, кој исто така е талентиран фудбалер и одличен човек. Не можам да дочекам тој да го пренесе неговиот талент во нашиот клуб. Блејз, ти си навистина неверојатна личност. Ќе го имате новиот дом во Мајами, за себе и за вашето прекрасно семејство. Да се има светски шампион во своите редови, единствениот во МЛС-лигата, е голема чест за нас. Вие освоивте многу трофеи во вашата кариера и знам дека сонувате да ги освојувате со нас“, рече Бекам, додавајќи дека е одличен момент клубот и навивачите да го доведат светскиот шампион во своите редови.