Бекам полека ги сложува „коцките“: Интер Мајами потпиша со фудбалер од Јуве! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дејвид Бекам полека, но сигурно создава моќен тим од Интер Мајами. Денеска како нов фудбалер беше потврден Блез Матуиди.

Матуиди вчера и официјално го напушти Јувентус, а денеска потпиша за клубот од МЛС-лигата.

Овој 33-годишен фудбалер во текот на минатата сезона одигра 45 натпревари за Јувентус и постигна еден гол и две асистенции.

Во текот на кариерата играше за ПСЖ, Сент-Етјен, а Интер Мајами го зема целосно бесплатно, откако претходно трошеше пари на Родолфо Пизаро, Матиас Пелегрини и други.