Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сопственикот на Мајами, Дејвид Бекам, започна преговори со колумбиската sвезда Џејмс Родригез.
Со години, Џејмс не е ни близу до формата што ја имаше за време на СП 2014 година кога го направи трансферот во Реал Мадрид.
Тој веќе долго време е далеку од плановите на Зидан за следната сезона, така што е скоро сигурно дека Џејмс ќе игра на друго место следната сезона.
Постои голема можност фантастичниот Колумбиец наскоро да го напушти клубот од Мадрид. Дејвид Бекам започна преговори со Реал и со играч околу неговиот трансфер во Интер Мајами и Џејмс би можел да игра во МЛС.
Секако дека Интер Мајами не е единствениот клуб кој сака 28-годишен фудбалер. Тој се поврзува со клубови од Италија и Англија, но американскиот тим наводно е главниот фаворит за негово носење.
Џејмс има одиграно само 13 пати за Реал оваа сезона и има ефект од еден гол и две асистенции.