Белгија се рапаѓа пред Хрватска: Две ѕвезди не зборат со години поради девојки!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија стигна како еден од фаворитите на Светското првенство (СП) во Катар, но сепак не им се реализираат плановите како што очекуваа и почнаа приказните за лоши односи во соблекувалната.

Белгија по две кола има три бода и во последното коло мора да слават против Хрватска ако сакаат да се пласираат во осминафинале.

Медиумите од Белгија пишуваат дека Тибо Куртоа и Кевин Де Брајне не зборуваат од 2014 година, кога фудбалерот на Манчестер сити дозна за аферата на поранешната девојка Каролина Лијнен.

Тие со години играат во репрезентацијата на Белгија, но сепак по инцидентот никогаш повеќе не разговарале, односно односот меѓу нив е професионален.